LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey

Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водич за синдикати за здружување со ЛГБТИ+ работниците во Западен Балкан

Topic - Business / Employment
Country - All Countries / International / Regional
Resource Type - Best Practice / Guideline / Manual / Recommendation
Language - MACEDONIAN
Year - 2022

Во 2021 година, ЕРА во соработка со Центарот за солидарност, Солидарност и други регионални чинители, организираше обуки и работилници за синдикатите од Западен Балкан. За време на овие настани, синдикатите покажаа отвореност да ја унапредат својата работа за подобро разбирање и соодветно застапување на потребите на ЛГБТИ+ работниците. Понатаму, тие признаа дека повеќето од нив се соочуваат со недостаток на ресурси и знаење на оваа тема. Во периодот 2019-2020 година, ЕРА направи проценка на потребите со претставници на синдикатите од целиот регион на Западен Балкан. Речиси сите од нив изразија потреба од ресурси и материјали за проблемите на ЛГБТИ+ работниците, за обуки и работилници со ЛГБТИ+ заедницата и потреба да разберат како можат да ѝ помогнат и асистираат на заедницата од нивна перспектива.
Затоа, овој водич е развиен од ЕРА за да обезбеди полесен пристап до информации за правата на ЛГБТИ+ работниците за синдикалните лидери и нивните членови во регионот на Западен Балкан. Водичот содржи информации за специфичните потреби и грижи со кои се соочуваат ЛГБТИ+ работниците, како и глобални и регионални добри практики за синдикално здружување за ЛГБТИ+ правата. Ваквите практики покажуваат дека синдикалното здружување на оваа тема е исклучително важно и корисно за двете заедници. Ова е важно и од перспектива на правата на работниците и од морална и етичка перспектива, бидејќи ЛГБТИ+ лицата имаат право да живеат слободно и достоинствено исто како и сите останати.

Од 2018 година, ЕРА е посветена на разбирање и ублажување на предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТИ+ лицата во пристапот до нивните социо-економски права. Истражувањата покажуваат дека правата на работниците во регионот на Западен Балкан се далеку од заштитени. Тие беа први на удар на мерките за штедење, пандемијата и експлоататорските работодавци. Предизвиците се уште поголеми кога ќе се додаде елементот на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет или половите карактеристики. Поради тоа, за ефективно да се заштитат правата на работниците, постои потреба да се почне да се размислува и да се делува низ објективот на оние кои се најмаргинализирани, вклучително и ЛГБТИ+ лицата, лицата со попреченост, лицата од сиромашно потекло или лицата кои припаѓаат на етнички малцинства. Сите овие групи се составен дел од општеството, од работните односи и најпосле, од борбата за работничките права.
Извештаите објавени од регионални и меѓународни организации покажуваат значителни неповолни позиции за ЛГБТИ+ работниците во споредба со останатите работници. Истражувањето на Светска банка од 2018 година покажува дека 41% од ЛГБТИ+ лицата биле сведоци на негативни ставови, коментари и однесување кон своите ЛГБТИ+ колеги, 14% од нив лично се соочиле со такви коментари или однесување, а 16% доживеале нееднаков третман во однос на условите за вработување или бенефициите. Со оглед на фактот дека само 24% од ЛГБТИ+ работниците се отворени во однос на својот ЛГБТИ+ статус на своето работно место на регионално ниво (овој процент е понизок во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија). Понатаму, под влијание на севкупната стигма, исклученост и дискриминација во општеството, како и ограничената политичка застапеност на ЛГБТИ+ лицата, синдикатите во регионот не ги вклучуваат ЛГБТИ+ лицата ниту во програмите ниту во своите внатрешни процедури. Така, правата на ЛГБТИ+ работниците остануваат незаштитени, иако тие придонесуваат кон економијата и развојот како и сите други работници.